ПСЖ ќе мора без Меси против Лајпциг!

141

Продолжува агонијата на Лео Меси во ПСЖ. Имено денеска стигнаа лоши вести за него, но пред се за стратегот Маурицио Покетино. А тие велат дека поради повреда, Аргентинецот ќе мора да го прескокне дуелот од 4.коло во Лигата на Шампионтите со Ред Бул Лајпциг на гостински терен. Овој натпревар се игра в среда во Германија а “светците“ ќе мора да настапат без најдобриот фудбалер во светот.

Повредата на мускулот и натаму задава проблеми на Меси, познато е дека тој на последниот меч од Лига 1, мораше по првиот дел да го напушти теренот против Лил. Очигледно е дека таа повреда не е дојрај санирана, а никој во редовите на „светците“ не сака да ризикува.

ПретходноШампионот ја запре победничката серија на Шкендија
СледноСтрашно: Навивач среде натпревар пукал во тренерот! (ВИДЕО)