Реал ќе поита со новиот договор за Винициус

135

Со оглед на фактот што Винициус Јуниор во моментов игра во фантастична форма, менаџментот на тимот на Реал Мадрид ќе сака што поскоро да го обнови неговиот актуелен договор со клубот и потоа на мир да гледа како бразилецот се развива во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Тој во моментов има договор до 2024 годин, и тоа е во ред, но неговата плата достигнува „само“ 3.5 милиони евра, што во споредба со останатите звезди на тимот е далеку помала.

Затоа, се верува дека наскоро Винициус ќе потпише нов дил кој ќе биде со времетраење до 2026 година и според кој тој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

 

ПретходноЧави ќе биде промовиран во четврток
СледноИбрахимовиќ: Сакам да ме навредуваат од трибините, што се погласни јас сум подобар