Шеикот со услов за да го пушти Чави: Лапорта да дојде во Доха!

398

Дали во четврток, дали некој друг ден, ама се чини дека работата околу назначувањето на Чави за шеф на струката во Барселона и тоа како се компликува. Лапорта сака, Чави сака, но газдата на Ал Сад, шеикот Мохамед бин Хамад, порачува дека тој нема намера да го пушти својот тренер се додека во Доха не дојде лично Хоан Лапорта, претседателот на Барселона.

Ако сакате се ова да заврши на пријателски начин ќе морате да дојдете лично во Доха. Шеикот сака рамноправни разговори со Барселона, не сака да разговара со други, туку само со Лапорта“ е пораката која првиот човек на каталонскиот гигант ја добил од Доха – Катар.

Па така по утрешниот меч во ЛШ против Динамо во Киев, Лапорта со своите соработници нема да се враќа со авионот во Барселона туку ќе лета за Катар.

ПретходноУтре во 12 часот ждрепката за 1/4 финалето во Купот!
СледноСите мечеви од 13.коло во ПМФЛ ќе се играат в сабота!