ЛШ: Челзи рутински во Малме, Волфсбург првпат се израдува (ВИДЕО)

97

Рутински и сосема очекувано, екипата на Челзи дојде до победата на гостувањето кај Малме сo 1:0 во првиот од двата воведни меча вечерва во 4. коло од Лигата на шампионите. Европскиот шампион не се намачи премногу и со само еден гол успеа да ја обезбеди третата победа во групата, која патем, уште по ова коло им обезбедува место во нокаут-фазата.

По неколку пропуштени шанси во првиот дел, моментот на одлука беше 56. минута, кога по една извонредна асистенција на Хадсон-Одои, Хаким Зијех погоди во празната мрежа на домашните за 1:0. Нашиот репрезентативец Ердал Ракип одигра солиден меч и се до 86. минута беше на теренот, пред да биде заменет од Бирманчевиќ.

Германски Волфсбург прописно се намачи за да ја обезбеди првата победа во групната фаза од ЛШ. „Зелените“ поведоа со голот на Баку уште по само 3 минути игра, но гостите се вратија за 1:1 со голот на Вебер од слободен удар.

Во второто полувреме притисокот на домашните даде резултат, кога во 60. минута Нмеча со еден прекрасен гол повторно донесе предност за домашните, овој пат од 2:1. Салцбург имаше неколку добри шанси да израмни, но на крајот радоста беше за Германците.

ПретходноЕмери вечерва последен пат на клупата на Виљареал, утре заминува во Англија
СледноМаркез има потрес на мозокот, нема да вози на ГН на Алгарве