Пелистер – Вардар: „Дербито на Македонија“ во 1/4 финалето на Купот!

918

Предмалку се одржа ждрепката за Купот на Македонија, а од сите 1/4 финални мечеви се чини дека најинтересно ќе биде во Битола, каде Пелистер го дочекува Вардар. Ова е, без разлика на се, сепак „Дербито на Македонија“, иако Пелистер е во нокаут а Вардар пак е второлигаш.

Струга ТЛ немаше среќа, ќе мора да игра со Шкендија и тоа во Тетово. Бранителот на пехарот, тимот на Силекс ја дочекува Брегалница, а лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот на Шкупи и гостува на Македонија ЃП.

Мечевите се играат на 24 ноември, победниците, се игра по една средба, се во полуфиналето.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

ПретходноАгуеро се заблагодари на поддршката: После волку љубов и срцето ми е посилно!
СледноСтаврев во центарот на дуелот меѓу Генк – Вест Хем