Многу прашина се дигна по интервјуто на Лео Меси во каталонски “Спорт“ околу тоа на кој начин тој си заминал и зошто си заминал од Барселона. Исто така тој посочи дека само на неколку свои блиски колеги од тимот им кажал дека веќе нема да игра за Барселона.
„Познато е дека Меси и Пике не беа баш во добри односи во последно време. Пике сметаше дека Лео може слободно да си оди, дека има преголемо влијание во тимот. Тој уште и го охрабри Лапорта со зборовите – заминувањето на Лео нема ништо да промени во Барселона“ вели Хуан Фуентес, новинарот на „Спорт“.
Интересно е тоа што меѓу редови Меси напоменал дека и тој многу не се поднесувал со Пике. Медиумите во Шпанија информираат дека сега на потег е самиот Пике, со оглед на неговиорт карактер, секако дека ќе има што да каже на оваа тема.