Ако ПСЖ го “откачи“: Рамос ќе добие отштета од 4 милиони евра без да одигра минута!

333

Па, зарем е можно. Сепак така е тоа кога се прават договори, а некој едноставно не си ја одработил работата како што треба. Имено во случај ПСЖ да го “откачи“ Серхио Рамос тогаш Шпанецот ќе добие отштета од 4 милиони евра, тука не ги сметаме парите што тој досега ги добил или добивал од “светците“. Имено никаде во договорот меѓу него и клубот од Париз не стоело дека ПСЖ може без проблеми да му го раскине договорот од било која причина. Па така ако сака ПСЖ да му “раскине“ на Рамос, тогаш ќе мора да му исплати отштета од 4 милиони евра.

Интересно е тоа што Шпанецот иако во Париз дојде во јули, сепак досега нема одиграно ниту еден меч, ниту една минута во дресот на ПСЖ. Познато е дека дојде повреден и се уште не може да заздрави од повредата.

Инаку неговиот договор е важечки до јуни 2023 година, а месечно клубот треба да му плаќа еден милион евра додека е член на ПСЖ.

ПретходноМЗТ Скопје ги отвара вратите: Влезот за Работнички е слободен!
СледноКуман со еден потег направил хаос во Барселона