Горан Ганчев, некогашниот стопер во неколку наши клубови, а имаше и интернационална кариера, довчерашен прв помошник на некогашниот стратег Димитар Капинковски ги води тренинзите на Пелистер. Под негова “команда“ сега играчите на битолскиот прволигаш се подготвуваат за наредниот меч, а тој се игра во сабота во рамките на 13.коло кога Под “Тумбе Кафе“ доаѓа Струга Трим Лум.
Сепак се уште не е познато дали токму Ганчев ќе биде наследникот на Капинковски или пак ќе се бара нов тренер за спас на клубот кој просто е закован на последното место на табелата во ПМФЛ и тоа без ниту една победа во овие 12 кола.