Додиќ со трансфер од Охрид во Келце!

366

Стефан Додиќ, ракометарот на Охрид од следното лето ќе биде член на Келце, на еден од најдобрите клубови во Европа. Имено српскиот репрезентативец потпиша договор со полскиот шампион и од јуни 2022 ќе игра за тој тим.

Секако дека ова е голем трансфер за младиот ракометар на Охрид, кој претходно играше и за Металург, но поради проблеми во клубот од Автокоманда тој се пресели во Охрид.

Додиќ има само 18 години и важи за еден од најталентираните српски ракометари. Инаку од Келце и официјално потврдија за овој трансфер а Додиќ во полскиот клуб ќе има договор до 2026 година.

ПретходноПикантерии: Пике бил за тоа Меси да си оди од Барса!
СледноАгуеро се заблагодари на поддршката: После волку љубов и срцето ми е посилно!