Англиски Њукасл се надева дека ќе успее да го назначи тренерот на Виљареал, Унаи Емери за нов менаџер до крајот на оваа недела. Според информациите од Островот, поранешниот менаџер на Арсенал ќе биде за последен пат на клупата на „жолтата подморница“ на дуелот со Јанг Бојс вечерва, по што треба да замине во Англија на финални преговори со новите газди на Њукасл.
Би-Би-Си објави дека Њукасл има за цел да го ангажира Емери навреме за саботното гостување кај Брајтон. Договорот за компензација во вредност од 6 милиони фунти, се уште не е договорен, но веројатно таа ќе биде сумата за која Шпанците ќе се согласат да го пуштат Емери да замине.