Интер ќе го пушти Ериксен да оди во Ајакс бесплатно

671

Данскиот репрезентативец од екипата на Интер, Кристијан Ериксен се чини дека е предодреден за заминување во јануари, а преселбата во Ајакс изгледа како најреална опција.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека моменталната ситуација укажува на заминување на Ериксен во јануари. Ако не во јануари, тој би можел да замине во месеците по јануари и тоа како слободен фудбалер, бидејќи би можел да добие раскин на договорот бесплатно, како што беше случајот со Раџа Наинголан и Жоао Марио.

Ајакс е опцијата која најмногу му одговара во моментов. Данецот се уште е под постојан надзор на лекарите во Интер и засега неговото срце е во ред.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Роналдо во продолжение за 1:1, Јуве со автогол го почести Зенит (ВИДЕО)
СледноМурињо бил во право: Суспензија за судијата на мечот Рома – Милан