Куман со еден потег направил хаос во Барселона

765

Холандскиот стручњак минатата недела доби отказ на клупата на Барселона. На Роналд Куман му пресуди Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано. Првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта одлучи да ја раскине соработката со него, на негово место се очекува да дојде Чави Харнандез.

На Куман тешко му падна отказот, па токму затоа одлучил да не прифати помала сума на оштета. Барселона му останува должна 12 милиони евра, раководството му понудило седум милиони евра, но тој веднаш ги одбил. Ова е еден вид реванш.

Со овој потег холандскиот стручњак дополнително ја искомплицира финансиската состојба во клубот, кој во јануарскиот преоден рок нема да има моќ да донесе дополнително засилување.

Каталонски спорт веќе објави дека Барса за овој преоден рој има на располагање 20 милиони евра, но голем дел од нив одат на сметката на Куман, додека дел за новиот тренер. За потенцијални нови имиња ќе остане ситна сума на пари.

ПретходноАко ПСЖ го “откачи“: Рамос ќе добие отштета од 4 милиони евра без да одигра минута!
СледноЛШ: Ракип и Малме против европскиот првак, Јунајтед во Бергамо