ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Роналдо во продолжение за 1:1, Јуве со автогол го почести Зенит (ВИДЕО)

219

Со голот на Јосип Иличиќ од 12. минута, Аталанта обезбеду предност од 1:0 против Манчестер Ј. во најинтересниот вечерашен меч од 4. коло во ЛШ, но не успеа да ја задржи до крајот на првиот дел. Имено, Роналдо со погодок во првата минута од судиското надополнување успеа да ги однесе Англичаните на одмор со егал – 1:1.

Германскиот шампион Баерн (М) успеа да обезбеди предност од 2:1 по првиот дел на вечерашните 6 меча од 4. коло во ЛШ. Баварците почнаа сигурно и со головите на Левандовски и Гнабри за само 6 минути имаа предност од 2:0. Бенфика успеа да погоди преку Фелипе и да намали на 2:1. Баерн имаше и пенал за 3:1, но Левандовски не успеа да го реализира.

Јувентус поведе прв преку Дибала во 11. минута, но со автоголот на Бонучи во 26. минута им обезбеди реми на Русите во Торино.

Нерешено е и во Севиља, каде домашните поведоа со голот на Окампос, но гостите од пенал успеаја да дојдат до 1:1.

Барселона во Киев не успеа да погоди во првиот дел, па на пауза се замина со 0:0, додека Виљареал минимално со 1:0 води против Јанг Бојс.

ПретходноИ покрај инсистирањето на Ал Сад: Лапорта нема да отпатува во Катар
СледноИнтер ќе го пушти Ериксен да оди во Ајакс бесплатно