ЛШ: Ракип и Малме против европскиот првак, Јунајтед во Бергамо

78

Вечерва продолжуваат натпреварите во ЛШ. Се игра четвртото коло, а денеска се играат 8 натпревари. Во Шведска, Малме на македонскиот репрезентативец Ердал Ракип ќе игра против европскиот првак Челзи. Првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ го добија лондончани со 4:0. Малме има три порази во групата Х, а Челзи две победи и еден пораз. Овој меч почнува во 18:45 часот.

Инаку ова ќе биде четврто соочување меѓу овие два тима. Рековме, претходниот го доби Челзи со 4:0, а во февруари 2019 година во Лига Европа Челзи ги доби двата меча, дома со 3:0, а во гости со 2:1.

Што се однесува до играчкиот кадар, Малме ќе ги нема на располагање Беимо, Тоивонен, Кристијансен и Кнудсен  поради повреди, а кај Челзи повредени се Ковачиќ, Лукаку, Маунт и Вернер.

Манчестер Јунајтед се извлече на првиот меч со Аталанта. Губеше на полувреме со 0:2, а во второто полувреме го сврте резултатот и победи со 3:2. Ќе видиме како „Црвените ѓаволи“ ќе се снајдат во Бергамо. Аталанта досега запиша по една победа, едно реми и еден пораз.

„Ѓаволите“ имаат две победи и еден пораз.

ВЕЧЕРВА ИГРААТ

МАЛМЕ – ЧЕЛЗИ            18:45 ч.
ВОЛФЗБУРГ – САЛЦБУРГ             18:45 ч.
АТАЛАНТА – МАН.ЈУНАЈТЕД       21:00 ч.
БАЕРН – БЕНФИКА         21:00 ч.
ДИНАМО КИЕВ – БАРСЕЛОНА   21:00 ч.
ЈУВЕНТУС – ЗЕНИТ          21:00 ч.
СЕВИЉА – ЛИЛ 21:00 ч.
ВИЉАРЕАЛ – ЈАНГ БОЈС              21:00 ч.

 

ПретходноКуман со еден потег направил хаос во Барселона
СледноПиоли: Утре е последната шанса за Милан во ЛШ