ЛШ: Роналдо го спаси Манчестер Ј., Јуве, Барса и Баерн победнички (ВИДЕО)

394

Со два гола на Кристијано Роналдо, еден во продолжението на првото, а еден во дополнувањето на второто полувреме, Манчестер Ј. извлече реми (2:2) на гостувањето кај Аталанта. Италијанците двапати водеа, но не успеаја да го сочуваат водството со што му овозможија на гостинот да им откине два вредни бода во битката за следната фаза од ЛШ.

Јувентус ги врати насмевките на лицата на своите навивачи откако вечерва потсети на шампионските денови и го прегази Зенит со 4:1 на мечот во Торино. За „Старата Дама“ која има големи проблеми во Серија А, во ЛШ нема грешка. Ова беше четврта победа во исто толку средби во групата, што Јуве го носиво нокаут фазата уште на две кола пред крајот.

Барселона дојде до голема победа на гостувањето кај Динамо (К) и го фати последниот воз за пласман во нокаут-рундата. По неколку големи шанси, Ансу Фати беше херојот на каталонците, кои имаа среќа во финишот кога Динамо (К) не искористи неколку 100% шанси за израмнување.

Баерн (М) на крилата на неповторливиот Левандовски кој вечерва постигна нов хет-трик ја прегази Бенфика со 5:2. Полјакот можеше и до четврти гол, но промаши пенал при резултат 2:1.

Изненадување приреди Лил кој со 2:1 дојде до прва победа и тоа на гости кај Севиља. Виљареал беше сигурен против Јанг Бојс и со 2:0 се избори за втора победа и челна позиција на табелата.

Група Е

Баерн М. – Бенфика 5:2

Динамо Киев – Барселона 0:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Група Ф

Аталанта – Манчестер Ј. 2:2

Виљареал – Јанг Бојс 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Група Г

Волфсбург – Салцбург 2:1

Севиља – Лил 1:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Група Х

Малме – Челзи 0:1

Јувентус – Зенит 4:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМурињо бил во право: Суспензија за судијата на мечот Рома – Милан
СледноПол Џорџ се жали на новата топка во НБА лигата: Многу е тврда, затоа многу промашуваме