Мега – бизнис: На мечевите на ЕУРО во обложувалниците биле уплатени 62 милијарди евра!

302

Нема дилеми дека светот просто забега со обложувалниците. Ретки се тие земји каде луѓето не се обложуваат, а се знае каде е рајот, во земјите на Далечниот Исток.

Па така деновиве компанијата „Спортрадар“, која воедно е и партнер на УЕФА, објави дека вкупно за една година прометот на обложувалниците бил 520 милијарди евра. Од тие 15 отсто одат на најсилните лиги во Европа, тука мислиме на фудбалот, но и во европските натпреварување. Само во ЛШ уплатени се 26 милијарди евра.

Додека само за натпреварите на ЕУРО, каде што пред четири месеци настапи и Македонија, вкупниот промет, или уплатени се фантастични 62 милијарди евра на светско ниво. А тоа значи дека во просек на секој натпревар, се уплатувале по 1,2 милијарди евра.

Лудост или МЕГА – БИЗНИС.

ПретходноЏеко со поддршка за Агуеро: Остани силен Кун!
СледноГанчев ги води тренинзите во Пелистер по оставката на Капинковски!