МЗТ Скопје и Работнички утре во СЦ „Јане Сандански“ го играат првото градско дерби оваа сезона. Тимот од „Градски парк“ се согласил средбата од шестото коло да се одигра порано поради АБА 2-обврските на вечниот ривал.
Пред стартот на сезоната двата тим ги одмерија силите во Супер-купот, трофејот замина во Аеродром, па Тони Симиќ и неговите момци имаат многу мотиви пред овој дуел, кој дефинитивно ќе биде пеколен, противникот ги отвара вратите за фановите, влезот ќе биде слободен.
Мечот се игра со почеток во 18:30 часот. И МЗТ Скопје и Работнички имаат по еден порази и четири победи.