Главниот судија на натпреварот меѓу Рома и Милан, Фабио Мареска е казнет со одземање на шансата да суди на најмалку две кола од италијанските првенства, по неговите лоши судиски одлуки на неделното дерби на „Олимпико“.
„Кориере дело Спорт“ прецизира дека Мареска направил 4 грешки кои доведоа до негова привремена суспензија. Судијата доби опомена за целокупниот судиски перформанс, особено за големиот број доделени жолти картони.
Како грешка беше пријавено и тоа што наполитанскиот судија одбил да ги слуша колегите од ВАР при пеналот врз Златан Ибрахимовиќ.
Вториот жолт картон на Тео Ернандез беше пријавен како втора грешка.