Пикантерии: Пике бил за тоа Меси да си оди од Барса!

346

Многу прашина се дигна по интервјуто на Лео Меси во каталонски “Спорт“ околу тоа на кој начин тој си заминал и зошто си заминал од Барселона. Исто така тој посочи дека само на неколку свои блиски колеги од тимот им кажал дека веќе нема да игра за Барселона.

Познато е дека Меси и Пике не беа баш во добри односи во последно време. Пике сметаше дека Лео може слободно да си оди, дека има преголемо влијание во тимот. Тој уште и го охрабри Лапорта со зборовите – заминувањето на Лео нема ништо да промени во Барселона“ вели Хуан Фуентес, новинарот на „Спорт“.

Интересно е тоа што меѓу редови Меси напоменал дека и тој многу не се поднесувал со Пике. Медиумите во Шпанија информираат дека сега на потег е самиот Пике, со оглед на неговиорт карактер, секако дека ќе има што да каже на оваа тема.

ПретходноАнгеловски и натаму без ангажман: Матјаж Кек на клупата на Хајдук!?
СледноДодиќ со трансфер од Охрид во Келце!