Натпреварот со Порто е последна шанса за Милан во Лигата на шампионите, изјави тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли. Италијанците се на дното во групата Б без поени и во моментов пласман во наредната фаза изгледа невозможен затоа што после Порто ривали им се уште Атлетико Мадрид и Ливерпул.
„Нема смисол уште сега да мислиме на другите екипи (Атлетико и Ливерпул), утре против Порто имаме последна шанса во ЛШ. Целиот колектив верува дека можеме да стигнеме до осминафиналето и знаеме дека ја имаме потребната класа за да ја запреме серијата без победа. Заслужуваме повеќе од нула бодови и против Порто имаме шанса за три. На претходните натпревари пропуштивме многу шанси и сега сме должни да погодуваме. Очекувам добри резултати“, изјави Пиоли.
Милан има четири поени во групата Б, но игра добро во Серија А и победи на 10 од првите 11 натпревари.