Пред речиси две години Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата, во хеликоптерска несреќа, заедно со една од своите ќерки, го загуби живот. Спортскиот свет бепе во шок, посебно неговото семејство. Инаку познато е и тоа дека Коби беше и одличен и умешен бизнисмен. Имено непосредно пред да загине, тој во една компанија за освежителни пијалоци инвестирал шест милиони долари. Во опвој период компанијата имала драматичен раст на своите приходи, а пред неколку денови истата била продадена за 8 милијарди долари, од кои 400 милиони добиле најблиските на Коби, сопругата Ванеса и останатите деца на славниот кошаркар по кого спортскиот свет се уште тагува.