Вечерва на распоред е 4. коло во Лигата на шампиони, а во групата Ф, силите ќе ги одмерат Аталанта и Манчестер Јунајтед. Мечот е од голема важност за двете екипи, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на врвот на табелата со шест бодови. додека италијанскиот тим е на третото место.
Во Јунајтед многу очекуваат од Кристијано Роналдо, кој за првпат од заминувањето од Јувентус, се враќа во Италија.
Пред оваа пресметка се огласи португалскиот фудбалер.
„Се враќам во Италија во земјата во која моето семејство беше одлично примено. Италија за секогаш ќе биде во моето срце, од мое искуство знам дека во Бергамо не е лесно да се игра. Но, ќе дадеме се од себе за да победиме. Нашата цел е да го задржиме првото место“, изјави Роналдо.
Дуелот е закажан со почеток во 21 часот.