Сандер Сагосен од вчера и официјално е член на екипата на Колстад. Неговиот договор со тимот каде ја почна својата кариера почнува во 2023 година.
Норвежанецот одби да потпише нов договор со Кил за да се врати во Колстад, се надева дека токму во овој клуб ќе се пензионира.
„Би сакал да појаснам дека оваа одлука не е против Кил, туку за доброто на моето семејство. Сонував да играм за големи клубови, но сега е време да се вратам дома. Благодарение на проектот во Колстад мојот сон стана реалност. Во 2023 година ќе поминат десет години откако го напуштив Троднхајм. Се надевам дека тука ќе ја завршам мојата кариера“, изјави Сагосен.