Симеоне му одговори на Клоп: Не сакам лажни поздрави, сакам искрени чувства

191

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп јавно призна дека не му се допаѓа стилот на игра што го негува стратегот на Атлетико Диего Симеоне. Тоа беше пред првиот меч на „Метрополитано“ кој Атлетико го загуби со 2:3, а по мечот Чоло Симеоне не се поздрави со колегата на спротивната страна. Сега пред реваншот на „Енфилд роуд“ аргентинскиот стручњак испрати „поздрав“ до Германецот.

Веќе дадов објаснување по крајот на мечот, но сега ќе се повторам. Не се поздравувам по крајот на мечот бидејќи емоциите кај двајцата тренери се различни. Во Англија на тоа се смета како џентлменство, но јас не го делам тоа мислење, не се согласувам со таа култура. Не сакам лажни поздрави и сакам искрени чувства“, изјави Симеоне.

Не го познавам Клоп лично, можам да кажам дека е фантастичен тренер и ја ценам цела работа која ја направи во сите клубови. Сепак, никогаш нема да го коментирам стилот на игра на другите тимови, јас имам свои манири и правила“, порача Аргентинецот.

ПретходноПиоли: Утре е последната шанса за Милан во ЛШ
СледноКлубовите го „сменија“ Бартомеу, Евролигата добива нов директор