Ставрев во центарот на дуелот меѓу Генк – Вест Хем

127

Александар Ставрев доби уште еден голем натпревар од страна на Судиската комисија при УЕФА. Нашиот најдобар арбитер ќе биде во центарот на дуелот меѓу Генк и Вест Хем во рамките на Лигата на Европа, кој се игра на 4. овој месец. .

Македонската судиска четворка ќе ја комплетираат, Дејан Костадинов  и Куштрим Лика, кои ќе бидат помошници, додека пак четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски ќе  биде oрганизациски директор на денешниот меч меѓу Милан и Порто во рамките на ЛШ.

ПретходноПелистер – Вардар: „Дербито на Македонија“ во 1/4 финалето на Купот!
СледноКанатларовски го објави списокот за дуелите со Украина и Франција