Даниел Стефановски после две години пауза триумфираше во К-1. Македонецот го совлада Таха Алами Маруни, кој е светски првак во ВАКО про, на настанот на Суперкомабат во Дубаи, ОАЕ.
Стефановски до победата стигна со судиска одлука 3-0, тој обезбеди дуел за светската титула.
„Планираме сигурно уште една борба ова година. Суперкомбат се враќа многу јако. На другиот настан ќе ја бранам светската титула во Лас Вегас“, изјави за „Ипон.мк“, Стефановски.