Тајсон Фјури повторно во рингот во март следната година!

278

Светскиот боксерски шампион во ВБЦ – Тајсон Фјури, кој неодамна по вторпат го победи Деонте Вајлдер, веќе во март 2022 година, одново ќе влезе во рингот. Според последните информации Британецот договорил борба со својот сонародник Дилијан Вајт. Секако дека се очекуваше битка со Олександар Ушик, но сега засега нема ништо од тоа, иако секако дека не е исклучено Фјури и Ушик сепак да ги “вкрстат“ ракавиците.

Колку за потсетување, Ушик среде Лондон успеа да го победи Ентони Џошуа.

ПретходноГанчев ги води тренинзите во Пелистер по оставката на Капинковски!
СледноПред својата смрт вложил пари во компанија од која сега неговото семејство доби 400 милиони долари!