Од час во час пристигнуваат нови информации за состојбата во која се наоѓа фудбалерот на Барселона, Серхио Кун Агуеро. Имено откако дијагнозата вели дека има срцева аритмија и срцеви проблеми, тој од сите страни на светот, а посебно од фудбалерите и најмногу од фановите на клубот, добива силна поддршка.
Па така преку своите социјални мрежи самиот Аргентинец одлучи да им се заблгагодари на сите, а посебно на фановите на Барселона, па напиша на Твитер.
“Се чувствувам добро и расположено. Сакам да ви се заблагодарам на огромната поддршка, за сите пораки што ги добив со поддршка и љубов. Денеска срцето ми е посилно“.