Се чини ништо од тоа да Игор Ангеловски, некогашниот селектор на репрезентацијата на Македонија и тренер на Работнички, седне на клупата на Хајдук. Иако беше во потесниот круг на кандидати, се чини дека нов тренер на “билите“ од Сплит ќе биде Матјаж Кек, актуелниот селектор на Словенија.
Ова го пишуваат медиумите во Словенија и Хрватска и напоменуваат дека во текот на денешниот ден словенечкиот стратег треба да се реши дали ќе остане селектор на репрезентацијата на својата земја или пак ќе го преземе тимот на Хајдук.