Денеска промоција: Потписот на Конте вреден 20 милиони фунти!

433

Нема дилеми дека Антонио Конте е новиот тренер на Тотенхем. Трофејниот стратег од Италија од вчера е во Лондон на разговори со челниците на „спарси“. Првите сигнали велат дека се е ОК и дека денеска славниот лондонски клуб ќе го промовира својот нов тренер, откако му врачи отказ пред два дена на Нуњо Еспирито Санто. Договорот на Конте со Тотенхем ќе биде до јуни 2023 година, значи 1,5 година, а за тој период Италијанецот ќе треба да добие најмалку 20 милиони фунти или околу 24 милиони евра.

Се разбира дека тука не ги сметаме разните бонуси премии.

Останува значи да сочекаме во текот на денешниот ден Тотенхем и официјално да го промовира Конте како свој нов тренер.

Претходно„Волците“ му го нанесоа четвртиот пораз на Евертон (видео)
СледноПораз на Денвер, Јокиќ без поени цели 19 минути!