Емери вечерва последен пат на клупата на Виљареал, утре заминува во Англија

644

Англиски Њукасл се надева дека ќе успее да го назначи тренерот на Виљареал, Унаи Емери за нов менаџер до крајот на оваа недела. Според информациите од Островот, поранешниот менаџер на Арсенал ќе биде за последен пат на клупата на „жолтата подморница“ на дуелот со Јанг Бојс вечерва, по што треба да замине во Англија на финални преговори со новите газди на Њукасл.

Би-Би-Си објави дека Њукасл има за цел да го ангажира Емери навреме за саботното гостување кај Брајтон. Договорот за компензација во вредност од 6 милиони фунти, се уште не е договорен, но веројатно таа ќе биде сумата за која Шпанците ќе се согласат да го пуштат Емери да замине.

ПретходноЗагина млад фудбалер на Дунајска Стреда
СледноЛШ: Челзи рутински во Малме, Волфсбург првпат се израдува (ВИДЕО)