И покрај инсистирањето на Ал Сад: Лапорта нема да отпатува во Катар

210

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта нема лично да отпатува во Доха за да преговара со Ал Сад за тренерот Чави Ернандез. Ова го објави каталонската ТВ3. Сепак, од катарскиот клуб не беа задоволни од начинот на кој Барселона ги притисна и јавно го изразија своето незадоволство. Затоа од Ал Сад побарале лично Лапорта да пристигне на разговорите.

Сепак, според новинарот Чави Торес, Лапорта нема таква намера, а потпретседателот Рафа Јусте и фудбалскиот директор Матеу Алемани ќе отпатуваат во Катар за да се обидат да ги убедат Катарците да го ослободат Чави и веднаш да почне со работа во Барселона. Двајцата ќе заминат за Доха веднаш по денешниот меч на Барселона против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

ПретходноМаркез има потрес на мозокот, нема да вози на ГН на Алгарве
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Роналдо во продолжение за 1:1, Јуве со автогол го почести Зенит (ВИДЕО)