Вечерва продолжуваат натпреварите во ЛШ. Се игра четвртото коло, а денеска се играат 8 натпревари. Во Шведска, Малме на македонскиот репрезентативец Ердал Ракип ќе игра против европскиот првак Челзи. Првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ го добија лондончани со 4:0. Малме има три порази во групата Х, а Челзи две победи и еден пораз. Овој меч почнува во 18:45 часот.
Инаку ова ќе биде четврто соочување меѓу овие два тима. Рековме, претходниот го доби Челзи со 4:0, а во февруари 2019 година во Лига Европа Челзи ги доби двата меча, дома со 3:0, а во гости со 2:1.
Што се однесува до играчкиот кадар, Малме ќе ги нема на располагање Беимо, Тоивонен, Кристијансен и Кнудсен поради повреди, а кај Челзи повредени се Ковачиќ, Лукаку, Маунт и Вернер.
Манчестер Јунајтед се извлече на првиот меч со Аталанта. Губеше на полувреме со 0:2, а во второто полувреме го сврте резултатот и победи со 3:2. Ќе видиме како „Црвените ѓаволи“ ќе се снајдат во Бергамо. Аталанта досега запиша по една победа, едно реми и еден пораз.
„Ѓаволите“ имаат две победи и еден пораз.
ВЕЧЕРВА ИГРААТ
МАЛМЕ – ЧЕЛЗИ 18:45 ч.
ВОЛФЗБУРГ – САЛЦБУРГ 18:45 ч.
АТАЛАНТА – МАН.ЈУНАЈТЕД 21:00 ч.
БАЕРН – БЕНФИКА 21:00 ч.
ДИНАМО КИЕВ – БАРСЕЛОНА 21:00 ч.
ЈУВЕНТУС – ЗЕНИТ 21:00 ч.
СЕВИЉА – ЛИЛ 21:00 ч.
ВИЉАРЕАЛ – ЈАНГ БОЈС 21:00 ч.