Маркез има потрес на мозокот, нема да вози на ГН на Алгарве

145

Пилотот на Хонда, Марк Маркез нема да учествува на следната трка од Мото ГП шампионатот.

Шесткратниот шампион во МотоГП доживеа потрес на мозокот. Инцидентот се случил за време на стандарден теренски тренинг, соопштија од тимот.

Лекарите не му дозволиле на Марк да биде дел од трката за Големата награда на Алгарве како мерка на претпазливост.

Маркез ја пропушти целата сезона во 2020 година, како и првите две етапи од 2021 година поради фрактурата на рамото и продолжено закрепнување. На две трки пред крајот на шампионатот, Шпанецот е на шестото место во генералниот пласман.

ПретходноЛШ: Челзи рутински во Малме, Волфсбург првпат се израдува (ВИДЕО)
СледноИ покрај инсистирањето на Ал Сад: Лапорта нема да отпатува во Катар