Повредата сепак е сериозна – ПСЖ во Германија без најдобриот!

331

По три одиграни кола во Лигата на шампиони, ПСЖ се наоѓа на врвот на табелата во групата А со седум бодови, а до нови ќе има шанса да дојде во Германија.

На овој дуел францускиот тим ќе биде ослабен, Маурицио Покетино нема да може да смета на услугите на Лионел меси.

ПСЖ денеска ги објави имињата на играчите за дуелот со Лајпциг, на списокот го немаше аргентинскиот фудбалер, поради повреда на коленото.

Според информациите повредата е сериозна, па тој не само што ќе го пропушти дуелот против тимот на кого му даде два гола, туку ќе мора да одмара нешто повеќе.

ПретходноСагосен: Немам ништо против Кил, мојот сон се промени!
СледноРоналдо претпазлив: Во Бергамо нема да биде лесно!