Кошаркарот на ЛА Клиперс, Пол Џорџ, верува дека новите топки Вилсон кои ги заменија досегашните Спалдинг во НБА лигата, се виновникот за слабата реализација на шутот кај голем дел од играчите на почетокот на новата сезона. Статистиката покажа значително лош шут и кај оние кои важеа за кошаркари со сигурна рака.
„Не го велам ова како изговор, но оваа топка е поинаква. Има поинакво чувство и не е толку мека како Спалдинг. Во ова ќе се уверите во текот на сезоната, ќе има многу промашувања. Мислам дека веќе го видовме тоа и оваа сезона. Повторувам, не сакам да барам изговори или да ја обвинувам топката, но таа е поинаква и тоа не е тајна“, вели Џорџ.