Антониот Конте веќе втор ден како официјално е тренер на тимот на Тотенхем. Го замени Нуно Еспирито Санто како менаџер на клубот од Лондон кој сезоната не ја започна резултатски како што посакуваше. Тој денеска им се обрати на навивачите на клубот и им вети дека доаѓаат подобри денови на резултатски план односно дека о него и од неговите избраници ќе видат актрактивен фудбал.
“Ова е чест и задоволство. Засега сакам да ви се заблагодарам за довербата. Мојата филозофија е многу едноставна. Сакам да играм атрактивен и добар фудбал за навивачите. Сакам стабилност, без никакво двоумење. Навивачите заслужуваат да имаат добар тим, конкурентен тим и со желба за борба. Ќе направиме апсолутно се за да ја заслужиме поддршката од публиката“, изјави Конте во интервјуто објавено на клупската страница на Спарси.
„Сакам овој нов предизвик со Тотенхем да стане нешто важно во мојата менаџерска кариера. Добив повик од тимот летото, непосредно пред почетокот на сезоната, веднаш штом завршив со Интер. Тогаш не се решив за овој потег затоа што ми беше потребен одмор. Сè уште сум емотивно изцрпен од мојот последен ангажман. Последните две сезони беа навистина важни. Сега е вистинско време да започнете нешто ново”, изјави Антонио Конте, кој со Интер ја освои шампионската титула во Серија А.