Гаел Монфилс славеше победа од 2:1 по сетови против Манарино на АТП мастерсот во Париз и се пласира во осминафиналето. А таму ќе игра против српскиот и светски ас Новак Ѓоковиќ од кого има кошмар, затоа што ги загубил сите претходни 19 дуели.
Од другите натпревари ја издвојуваме победата на Димитров над Качанов па Бугаринот во следната фаза ќе игра со подобриот од мечот Лајовиќ и Зверев.
Циципас го предаде мечот со Алексеј Попирин, па австралискиот тенисер ќе игра со Дакворт во осминафиналето кое е на програмата утре.