Бејл одново си игра со Реал Мадрид: Ни самиот Анчелоти не верува во своите зборови

624

Герет Бејл на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Реал Мадрид со оглед на неговиот однос кон клубот во последно време. И навивачите на „кралскиот“ тим едвај чекаат да си замине.

Некогаш, еден од најдобрите светски фудбалери се најде на удар на шпанските медиуми поради односот кон соиграчите и клубот.

Бејл одново нема да биде во составот на Реал, поточно за мечот против Шахтјор, а најверојатно нема да игра ниту викендов во Ла Лига, но затоа пак ќе отпатува на собирот на Велс за квалификациите за Мунадјалот.

Карло Анчелоти се обиде да ја објасни ситуацијата, но со неговиот одговор не им се допадна на новинарите.

„Посветен е на работат и ако се опорави целосно ќе биде добро да игра за Велс, ќе се врати подготвен во клубот по репрезентативната пауза“, рече Анчелоти.

Но, новинарите веднаш се запрашаа: “Не можеме да сфатиме, како тренира за Реал, а игра за Велс“. Друг колега пак додаде: Ни самиот Анчелоти не верува во она што го зборува. Го оправдува човекот кој им се смее на соиграчите, а клубот го плажа. Можеби тренерот треба да се запраша како се чувстуваат другите играчи“.

Коментарите се на место, во клубот неофицијално сите се бесни, Реал не му е на првото место, а за година дена ќе заработи 17 милиони евра.

ПретходноПелистер остана без првата дама!
СледноДисциплинската комисија при КФСМ го суспендира Тони Грнчаров две години, казна има и за МЗТ