Видал: Имам време да заиграм и во Премиер лигата

224

Халфот на Интер, Артуро Видал призна дека во минатото имал можност да игра во Премиер лигата, но исто така не се откажал од сонот еден ден да заигра во најсилната англиска лига. 34-годишниот чилеански репрезентативец до сега играл за Интер и Јувентус во Серија А, за Баерн Минхен во Бундес лигата и за Барселона во Ла Лига и има освоено титули.

Во минатото имав можности да заиграм во Премиер лигата, но на крајот ништо не излезе од тоа. Задоволен сум од патот по кој тргнав, но се уште има време да заиграм и во англиското првенство. Ќе видиме што ќе се случува оваа сезона и што ќе биде со мене. Но оваа сезона сакам да дадам се од себе и да се борам за Интер“, изјави Видал.

ПретходноМонфилс налета на Ѓоковиќ во 1/8 финалето во Париз – од него има 19 порази!
СледноЛиверпул и Ајакс во 1/8 финале, Интер го „растури“ Шериф (видео)