Тони Грнчаров, актуелниот спортски директор на МЗТ Скопје е санкциониран од страна на Дисциплинската комисија при КФСМ поради неспортско однесување за време на Супер-Купот на Македонија.
Грнчаров доби двегодишна суспензија за вршење на должност во кошарката поради навредите упатени од негова страна кон првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ. Казна заработи и МЗТ Скопје исто поради навреди кон Антиќ. Актуелниот македонски првак ќе ќе треба да плати 300.000 денари.
И МЗТ Скопје и Грнчаров имаат право на жалба.
МЗТ Скопје предводен од Грнчаров го поддршка актуелното раководство во кампањата за промена на Петар Наумоски, но кратко по изборот на Антиќ, тој постојано беше во кавга со КФСМ. Во изминатиот период се изначитавме бројни сопштенија од двете страни.