Македонскиот фудбалски интернационалец Филип Дурански се најде во тимот на колото во шампионатот на Ерменија, откако со неговиот тим Севан извојува екстра победа на гостински терен од 0:1 кај тимот на Нораванк.
Дурански ги одигра сите деведесет минути, што е нормално за него, затоа што е незаменлив во изминатите дванаесет кола и се покажа како екстра засилување за екипата на Севан за сезонава.
Тој е поранешен Македонски младински репрезентативец.