Унаи Емери, искусниот стратег на Виљареал во моментов, реши денеска да стави крај на сите шпекулации, дека е новиот тренер на тимот на Њукасл со пост на социјалните мрежи.
Тој објави дека нема намера во моментов да го напушта тимот на Виљареал кој го смета за свој дом, и дека ја гледа својата иднина таму.
„Без разлика на тоа колкава врева се дигна надвор од Шпанија односно надвор од клубот, внатре во него владеат транспарентност и лојалност која спрема мене ја покажуваат и сопствениците на клбубот и самата екипа. Тоа ми е најважно во моментов. Виљареал е мој дом, и сум посветен на него 100%. Искрено, мнгу сум благодарен што за мене се интересира така голем клуб, но сум уште по благодарен што сум токму овде и што ја имам довербата од претседателот на Виљареал и сите околу клубот. Сакам и натаму да бидам дел од овој проект, пред се поради взаемното почитување на релација, клуб – тренер“- напиша Емери.