Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години вчера го одигра првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство.
Нашите фудбалери предводени од селекторот Зоран Лекиќ беа поразени од фаворитот во групата, Црна Гора со 2:0. Стрелци на погодоците за противникот беа Тафиќ во 24. минута и Љешковиќ во 35. минута.
Maкедонија во овој дуел настапи со следниот состав: Иса Фера, Антонио Јанев (к), Христијан Митев, Никола Анчевски, Давид Блажевски;
Резервни фудбалери: Мартин Цветковски, Стефан Петрушевски, Суфијан Чајани, Бојан Неделковски, Христијан Грујевски, Давид Велјаноски, Душко Пауновиќ;
Нашата млада селекција веќе денеска ја очекува нов дуел од квалификацискиот турнир. Во последниот натпревар, силите ќе ги одмериме со домаќинот, селекцијата на Гибралтар. Мечот се игра во 19:00 часот.