Монфилс налета на Ѓоковиќ во 1/8 финалето во Париз – од него има 19 порази!

188

Гаел Монфилс славеше победа од 2:1 по сетови против Манарино на АТП мастерсот во Париз и се пласира во осминафиналето. А таму ќе игра против српскиот и светски ас Новак Ѓоковиќ од кого има кошмар, затоа што ги загубил сите претходни 19 дуели.

Од другите натпревари ја издвојуваме победата на Димитров над Качанов па Бугаринот во следната фаза ќе игра со подобриот од мечот Лајовиќ и Зверев.

Циципас го предаде мечот со Алексеј Попирин, па австралискиот тенисер ќе игра со Дакворт во осминафиналето кое е на програмата утре.

ПретходноДонарума го одбрани првиот пенал во кариерата во ЛШ (видео)
СледноВидал: Имам време да заиграм и во Премиер лигата