Мурињо ќе носи играчи од Реал Мадрид во Рома

231

Жозе Мурињо, според пишувањето на денешниот број на Кориере Дело Спорт не е задоволен со играчкиот кадар што го има на располагање во моментов во Рома, па затоа во јануари, планира да носи нови имиња со кои ќе го подигне квалитативното ниво.

Во прв ред, според реномираниот медиум се двата члена на тимот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, односно Начо Фернандез кои не добиваат воопшто шанса во Мадрид во моментов.

Освен овие двајца на списокот на Мурињо наводно се и Рубен Лофтус Чик од Челзи, Хери Вингс од Тотенхем, како и Денис Закара од Борусија Дортмунд.

 

ПретходноКонте им вети на навивачите атрактивен фудбал и стабилност
СледноЕрменија без изненадувања во составот за Македонија