Не е шега, селекторот на Романија повика 15. годишен фудбалер

385

Во овид да го привлечат што побргу да заигра за Романија, селекторот на фудбалската репрезентација на оваа земја, Мирел Радои на својот список стави ни помалку ни повеќе туку 15. годишен фудбалер.

Се работи за Енес Сали, кој инаку е член на тимот на Фарул, и кој претходно настапуваше за кадетската репрезентација на оваа земја. Но со оглед на фактот што е роден во Канада, а има и турски корени, Романците не сакаат да ризикуваат ништо и сакаат што побргу овој играч да дебитира за нивната А репрезентација со што ќе го осигураат засекогаш.

Овој играч е роден во Торонто, а две години минал во Ла Масија, академијата на Барселона. Беше дел и од Академијата на Георге Хаџи, а од годинава е член на Фарул.

Романија е инаку дел од нашата група, и Сали би требало да добие минутажа на некои од мечевите против Исланд односно Лихтенштајн кои се последни од овие квалифиакции.

ПретходноРАТКО И СТОЈАНЧЕ СЕ ПОДНОВИЈА СО ЕЛЕКТРОТРОТИНЕТИ, БЛАГОДАРЕНИЕ НА ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ
СледноЕмери пресече, Виљареал е мојот дом