Претседателот на Виљареал не знае дека Емери заминува во Њукасл

216

По најавите дека Унаи Емери денеска треба да отпатува во Англија на финални преговори со Њукасл, претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, ги демантираше гласините, наведувајќи дека досега никој не ги контактирал за евентуално заминување на нивниот прв тренер.

„Никој не ми се јавил да ме праша за Емери. Не знам апсолутно ништо. Никој ништо не ни кажал и не знам од каде доаѓа оваа вест. Виљареал нема никаква комуникација со наведениот клуб. Унаи и јас имаме добра соработка, но навистина не можам да знам што ќе донесе иднината. Ние сме три страни во ова прашање, но знам дека сме среќни со Унаи и Унаи е среќен во Виљареал“, изјави Роиг.

ПретходноНа Платини и Блатер им се заканува затвор до 5 години, ќе им се суди за измама
СледноСловенечките НБА ѕвезди во ист клуб: Драгиќ и Дончиќ заедно во Далас?