Проблем за Барселона, Ал Сад не го пушта Чави

113

Денеска делегација на фудбалскиот клуб Барселона и официјално замина за Катар на преговори со потенцијалниот нов тренер на тимот Чави, и неговиот сегашен клуб АЛ Сад.

На не големо изненадување на светската јавност, челните луѓе на овој клуб, во моментов немаат намера да се откажат од Чави како ниен тренер, и покрај очигледната желба на Шпанецот да си замине од таму, затоа што едноставно тој е под договор со клубот. Ал Сад попладнево и со официјално соопштение се изјасни по ова прашање.

„Им посакавме добредојде на гостите, на делегацијата на БАрселона и ја почитуваме нивната желба во моментов. Сепак, нашата позиција, позицијата на клубот во моментов е јасна, ние сакаме Чави да остане наш тренер, и немаме намера да го пуштиме да си оди во ваков специфичен дел од сезоната“  – се вели во соопштението на клубот, под кое е потпишан спортскиот директор на клубот Турки Али Али.

ПретходноЕрменија без изненадувања во составот за Македонија
СледноБензема испиша историја со вечерашниот гол во ЛШ (ВИДЕО)