Серхио Кун Агуеро, ги доживува најтешките моменти како професионален фудбалер.
Дијагностицирана му е срцева аритмија, која му создаде проблеми на последниот меч од домашниот шампионат, по што Аргентинецот беше заменет, и оттогаш е во болница, каде што му се прават детални прегледи и му се констатира моменталната здравствена состојба.
Неговата сопруга секако е тука до него кога му е најпотребно, и со една фотографија на социјалните мрежи се обиде да ја покаже сета љубов која ја чувствува за својот сопруг.
Софиа Цалзети напиша „Денеска повеќе од било кога. Те сакам“…